Роберто Манчини, во август 2023, на големо изненадување си поднесе оставка од кормилото на Италија и за кратко време стана јасно зошто стратегот се решил на еден ваков потег.
Две недели подоцна, тој стана нов селектор на Саудиска Арабија и стана најплатениот тренер во светот на фудбалот со примања од околу 30 милиони евра по сезона.
Но, парите не гарантираат успех, Роберто Манчини не успеа да го подигне нивото на репрезентацијата на Саудиска Арабија, во последно време влезе и во конфликт со новинарите и навивачите, па се пишува за негов отказ.
Голем број на весници од Италија пренесуваат дека фудбалската федерација донела одлука да се раздели со Роберто Манчини и само се чека амин од Кралот на Саудиска Арабија.
Се очекува во скоро време Италијанецот да биде известен дека е разрешен од должноста.