Низа големи медиуми објавија дека Саудиска Арабија се откажува од трката за домаќин на Светското првенство 2030 година.
Тие требаа да имаат заедничка кандидатура со Египет и Грција, со тоа што 75 проценти од мечевите ќе се играа во Саудиска Арабија.
Саудијците наводно се откажуваат бидејќи биле убедени дека Шпанија, Португалија и Мароко ќе ја добијат организацијата.
Наводно пиринејско-мароканската кандидатура е фаворит, иако поголема логика има за домаќини да бидат Јужноамериканците. Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле имаат заедничка кандидатура. Тие го сакаат Мундијалот бидејќи тоа ќе биде 100 години од првото првенство кое се одржало токму во Уругвај во 1930 година. Па убаво ќе биде да се одбележи големиот јубилеј на истото место.