понеделник, 28 октомври 2024
Англичанецот на позајмица во дресот на „милионерите“

Санчо се врати во Дортмунд и порача: Едвај чекам повторно да играм со насмевка на лицето

Борусија Дортмунд попладнево го соопшти ангажманот на Џејдон Санчо, Англичанецот пристигнува на позајмица од Манчестер јунајтед без право на откуп.

Објавено на

часот

Сподели

Џејдон Санчо се враќа на „Сигнал Идуна Парк“, напаѓачот ќе го носи дресот на „милионерите“ до крајот на сезоната.

„Кога влегов во соблекувалната, веднаш се почувствував како да сум дома. Одлично го познавам клубот, секогаш имав близок однос со навивачите и останав во контакт со раководството. Со нетрпение чекам да ги сретнам соиграчите, да истрчам на теренот, да играм фудбал со насмевка на лицето, да забележам асистенција, да постигнам гол и да помогнам да се обезбеди пласман во Лигата на шампиони“ – вели Англичанецот.

Џејдон Санчо во Борусија Дортмунд е пречекан како голема ѕвезда, го доби дресот со број 10.

Тој имаше успешна авантура во дресот на „милионерите“ каде постигна 50 погодоци и забележа 64 асистенции. Добрите партии во 2021 му обезбедија трансфер во Манчестер јунајтед вреден 85 милиони евра, но не успеа да се наметне на Олд Трафорд, влезе и во расправија со Ерик тен Хаг, па сега на позајмица ќе си ја враќа кариерата на прав пат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ