сабота, 19 октомври 2024
НБА

Сан Антонио ја прекина низата од 18 порази по ред (ВИДЕО)

Сан Антонио го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 129-115 и по многу долго време се израдува на победа.
 

Објавено на

часот

Сподели

Пред натпреварот против Лејкерс, Сан Антонио имаше 18 порази по ред, но на црната серија синоќа и дојде крајот.

Спарси имаа фантастичен влез во мечот, ја добија првата четвртина со 42-22, а потоа само ја одржаа предноста за победа од 129-115.

Вејсел имаше одлична партија со 36 поени, Вембанјама постигна 13 поени, имаше и 15 скокови. Кај Лејкерс најефикасен беше Леброн со 23 поени, имаше и 14 асистенции.

Резултати:

Шарлот – Њу Орлеанс 107-112

Филаделфија – Детроит 124-92

Вашингтон – Индијана 137-123

Бостон – Орландо 128-111

Сан Антонио – ЛА Лејкерс 129-115

Торонто – Атланта 104-125

Мемфис – Хјустон 96-103

Феникс – Њујорк 122-139

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ