петок, 18 октомври 2024
Серија А

Салернитана не дозволи денеска да се слави Скудето во Неапол! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денот беше идеален за да се завери Скудетото, тоа го очекуваа сите, градот беше подготвен за славје, но Наполи не успеа да ја победи Салернитана.

Во 62. минута Оливера со глава постигна гол за водство на Наполи од 1-0, во тие моменти се чинеше дека тоа е тоа, треба само да помине уште половина час и да почне прославата.

Но, во 84. минута Диа реализираше за Салернитана за израмнување на 1-1 што беше и конечен резултат.

Елиф Елмас во игра влезе во 60. минута од натпреварот и имаше една голема шанса за да донесе водство од 2-0, но биеше за малку крај голот на гостите.

Наполи има огромна предност на врвот, но сѐ уште теоретски не е шампион.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ