Во соопштение за медиумите се наведува дека вчерашниот сајбер напад не стигнал до системските податоци, додавајќи дека експерти работат на откривање на последиците што може да ги има нападот. Во соопштението е наведено дека услугите ќе продолжат подоцна.
Локалните медиуми објавија дека давател на услуги за мобилна телефонија и авиокомпанија биле вчера цел на сајбер напад од хакер со седиште во Иран наречен Татковинска правда. Оваа информација не може да се потврди независно.
Албанија претрпе сајбер напад во јули 2022 година за кој владата и мултинационалните технолошки компании го обвинија иранското Министерство за надворешни работи. Се верува дека тоа е одмазда за Албанија во која се засолнуваат членови на иранската опозициска група Муџахедин-е-Калк (МЕК). Поради нападот, владата ги прекина дипломатските односи со Иран два месеци подоцна.
Иранското Министерство за надворешни работи негираше дека Техеран стои зад нападот на веб-страниците на албанската влада и посочи дека Иран претрпел сајбер напади од МЕК. Во јуни, албанските власти извршија рација во кампот за прогонети членови на МЕК за да запленат компјутерски уреди наводно поврзани со забранети политички активности, пренесува Еј-би-си.
Во Албанија од 2013 година се сместени околу 2.500 лица прогонети од Иран. Тие не треба да се вклучат во политички активности и мора да се придржуваат до законите на земјата.
Соединетите Американски Држави, НАТО и ЕУ ја поддржаа Албанија во случајот МЕК.