Дарја Трепова, родена во 1997 година, е осомничена за убиството на Татарски и во моментов е во бегство. Според анонимни извори на кои се повикуваат медиумите, истражителите веруваат дека Трепова во кафулето донела кутија со статуетка за Татарски, во која имало експлозивна направа.
‼️На кадрах — девушка, которая в 17:25 принесла коробку со статуэткой со взрывчаткой военкору Владлену Татарскому
Судя по всему, это и есть Дарья Трепова. Вход она нашла не сразу. Примерно через час прогремел взрыв. pic.twitter.com/8zdw1akNWS— Светалина (@yORNjKzE9aarGLY) April 2, 2023
Вчера Интерфакс и Фонтанка, повикувајќи се на анонимни извори, објавија дека Трепова е уапсена. Фонтанка, пак, денеска соопшти дека потрагата сѐ уште трае. Во меѓувреме, руските безбедносни служби ги демантираа информациите за апсењето, наведувајќи дека се трага по Трепова и по нејзиниот сопруг, исто така осомничен за вмешаност во експлозијата.
„Таа ѝ беше од претходно позната на полицијата, бидејќи ја приведоа на мирен протест на 24 февруари минатата година“, пишува Фонтанка. Потоа добила 10-дневен притвор, а нејзиниот сопруг деветдневен притвор поради носење транспарент.
Фонтанка објави и фотографии што ѝ ги дал еден од учесниците на состанокот на кои се гледа млада жена за која се верува дека му ја дала статуетката на Татарски.
На апликацијата Телеграм се појави снимка на која се гледа како лице му подава статуетка во кафуле, но сѐ уште не е официјално потврдено дали во неа навистина има експлозив.
Полицијата го пребарала станот во Пушкин, градски округ во Санкт Петербург, но таму не ја нашла бараната девојка. Безбедносните сили ја извеле нејзината мајка од станот, пишува рускиот портал.
One hallmark feature of Putin’s rule – very different from the Soviet times – is complete blurring of the lines between common criminals and the state. Vladlen Tatarsky (real name Maxim Fomin), the war propagandist who was killed today in St. Petersburg, was a common criminal… pic.twitter.com/CljEvzoOId
— Konstantin Sonin (@k_sonin) April 2, 2023
Еден од сведоците раскажал за Фонтанка што се случило пред експлозијата. „Таа му ја даде статуата, тој ѝ се заблагодари. Таа седна на околу три метри далечина, а по 5 минути се случи сè. Настрадаа тие што седеа во првите редови“, рече тој. Според последните податоци, во експлозијата се повредени 32 лица, а 10 од нив се во критична состојба.
Новинарот што бил на настанот со Владлен Татарски, Марат Арнис, за Фонтанка рекол дека од безбедносни причини гостите на трибината морале да ги соблечат јакните по влегувањето во кафулето. Некои гости протестирале, но сите ги соблекле капутите и јакните.
Чуварот на влезот ја забележал кутијата во која била статуата и ѝ забранил на девојката да ја внесе, раскажува новинарот.
„Девојката што ја донесе статуата седеше малку подалеку од мене и во почетокот ни кажа дека на влезот не ја пуштиле да влезе бидејќи мислеле дека во пакетот има бомба. Токму тоа го кажа. Но таа побарала дозвола од Владлен: ‘Дозволете ми, сепак ќе го внесам’. А Владлен ѝ рекол: ‘Внеси го, но ние ќе го провериме’. Тоа беа неговите зборови, тоа е сигурно“, рекол новинарот.
Девојката на трибината му кажала на Татарски дека има подарок за него, по што извадила кутија со позлатена биста, која не личела на Татарски, велат очевидци. Откако му ја подала бистата и разменила неколку реченици со него, девојката се упатила кон своето место. Откако Татарски ја поканил да седне до него, Трепова одговорила дека е срамежлива, но на крај сепак седнала, изјавил за Фонтанка друг сведок.
Кафулето во кое беше убиен Татарски претходно било во сопственост на основачот на руската платеничка група Вагнер, Јевгениј Пригожин. Рускиот блогер на апликацијата Телеграм ја следеле повеќе од половина милион луѓе. Иако ја поддржувал руската инвазија на Украина, тој критикувал некои аспекти од руската војна.
Сајбер Фронт З, група што себеси се нарекува „Руска информативна армија“ на Телеграм, објави дека изнајмила кафуле во Санкт Петербург за вчерашниот настан. „Имаше терористички напад. Презедовме одредени безбедносни мерки, но за жал тие не беа доволни“, објавија тие по експлозијата.
Татарски им се приклучи на руските сепаратистички сили уште во 2014 година, кога зазедоа делови од регионите Доњецк и Луганск во источна Украина. Роден е во Макиивка, Доњецк. Според неговите зборови, тој им се придружил на бунтовниците во Доњецк откако излегол од затвор каде што одлежувал казна за оружен грабеж на банка.