сабота, 26 октомври 2024

Руски Вагнер го претрпе најголемиот воен пораз во Африка, во заседа на Ал каеда и бунтовниците 

Педесетина припадници на руската платеничка група „Вагнер“ се убиени во напад на џихадисти и бунтовници во северниот дел на Мали, Африка, при што најмалку двајца се заробени. Ова, според еден аналитичар, е најголемиот пораз на бојното поле што оваа таинствена формација го има искусено во последните години во оваа област.

Објавено на

часот

Сподели

„Вагнерците“ минатиот викенд патувале во конвој долж границата меѓу Мали и Алжир, кога биле начекани во заседа од членови на Ал каеда, сојузници со локалните бунтовници, рече Васим Наср, специјалист за  супсахарскиот регион  Сахел, кој работи за безбедносната организација Суфан центар.
Наср изброил околу педесет жртви од едно видео, кое ги прикажува последиците од нападот.
Платениците на Вагнер се бореле против бунтовниците од племето Туарег заедно со војската на Мали. Платеничкиот конвој потоа бил принуден да се повлече, а потоа влегол на територијата контролирана од џихадистите на Ал каеда, каде што бил нападнат од заседа, рече Наср.
Вагнер преку Телеграм потврди дека некои од неговите борци биле убиени заедно со малиските војници во битка со стотици вооружени борци.
Платеничката група не соопшти колку мажи изгубила во битката.
Армијата на Мали соопшти дека изгубила двајца војници и убила 20 бунтовници.
Ал каеда во текот на викендот соопшти дека убила 50 члена на Вагнер „како одмазда за масакрите што ги извршија“ во централниот и северниот дел на Мали за време на повеќегодишните борби со екстремистите.
Туарешките бунтовници објавија дека неодреден број платеници и војници од Мали им се предале.
Асошиетед прес сè уште не може да го потврди видеото на кое се повикува Наср.
„Ова е навистина важно. Никогаш претходно не се случило на африканска почва и ќе ја промени динамиката“, рече Наср, додавајќи дека „повеќе нема да праќаат вакви разулавени експедиции на границата со Алжир. Се фалеа колку добро им оди и колку се силни, но немаа човечка сила да го сторат тоа долго време или да ја држат територијата за да обезбедат распоредување на силите“.
Русија стекна политички капитал од влошувањето на односите на Западот со трите земји од супсахарскиот регион Сахел, каде што избија воени удари, па испрати борци таму и го зголеми своето влијание. Вагнер е активен во Сахел, а платениците профитираат од запленетите рудни богатства во замена за безбедносните услуги што им ги обезбедуваат на владите. Вагнер е присутен во Мали од крајот на 2021 година, кога таму се случи државен удар, и ги заменија француските војници и меѓународните мировници во борбата против џихадистите и бунтовниците, кои го напаѓаат населението во централните и северните делови на земјата повеќе од 10 години.
Се проценува дека Вагнер има околу 1.000 борци во Мали. Формацијата е обвинета за помагање во напади со беспилотни летала во кои се убиваат цивили.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ