сабота, 9 ноември 2024
Реакција

ВМРО-ДПМНЕ до Кузеска: Платите растат, а ги зголемивме и пензиите

Потрошувачката кошничка е намалена, пензиите се зголемија за 2.500 денари, растат и платите, со СДС се стагнираше, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на портпаролката на СДСМ за зголемување на минималната плата.

Објавено на

часот

Сподели

„Потрошувачката кошничка е намалена, пензиите се зголемија за 2500 денари, растат и платите, а со СДС се стагнираше. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја стабилизираше инфлацијата, која сега се движи меѓу 2 и 2.5%, во време на СДС стапките беа и двоцифрени во време кога во Европа беа едноцифрени. Пензиите пораснаа за 2500 денари, а од следната година ќе пораснат уште за 2.500 денари. Куповната моќ на пензионерите е зголемена. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ растат и платите, се постигна договор за раст на платите во образованието. Раст на плати ќе има секаде и тој ќе биде реален, не како со СДС фиктивен. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за целосно подобрување на стандардот на граѓаните. Изминатиов период ги саниравме лошите последици од владеењето на СДС. Следуваат подобри денови за Македонската економија од тоа што беше пракса во време на СДС“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ