петок, 15 ноември 2024

Русија и Германија ги повикаа Израел и Иран да го смират конфликтот

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го повика Иран да ја прекине спиралата на конфликт со Израел откако земјата ги нападна иранските воени објекти, руското Министерство за надворешни работи изрази длабока загриженост поради ескалацијата на конфликтот меѓу двете земји.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Мојата порака до Иран е јасна: не можеме да продолжиме со масивни реакции на ескалација. Тоа сега мора да престане. Ова ќе обезбеди можност за мирен развој на Блискиот Исток“, напиша Шолц на платформата Икс.

Израел ги нападна иранските воени локации во саботата вечерта, но се чини дека одмаздата за претходниот ирански напад овој месец не беше насочена кон нафтените и нуклеарните капацитети на Исламската Република, за што претходно се размислуваше, но против што предупредуваа сојузниците на Израел, пред се САД, но и арапските земји.

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е длабоко загрижено поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран и повика на нормализирање на ситуацијата на Блискиот Исток.

„Ги повикуваме сите инволвирани страни да се воздржат, да престанат со насилството и да избегнат катастрофално сценарио“, изјави портпаролката на Министерството, Марија Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ