петок, 18 октомври 2024

Русите повторно го нападнаа Киев

Неколку руски беспилотни летала го нападнаа Киев во текот на ноќта, најмалку два напади биле насочени кон градот Харков во западна Украина, а девет лица биле повредени во ракетни напади во Херсон во јужна Украина, соопштија украинските власти.

Објавено на

часот

Сподели

За време на вечерашното бомбардирање на Херсон од страна на руските окупатори, повредени се девет лица, меѓу кои четири деца на возраст од две до тринаесет години, објави на Телеграм градоначалникот на градот Роман Мрочко. Меѓу повредените, „една мајка и нејзините три деца се хоспитализирани. Нивната состојба е средно тешка, имаат контузии и повреди од експлозив“, додаде тој, додавајќи дека на лице место им била укажана помош на уште петмина повредени.

Неколку експлозивни беспилотни летала Шахед од иранско производство биле соборени од украинската противвоздушна одбрана додека се движеле кон Киев, според шефот на воената администрација на главниот град, Серхи Попко. „Според прелиминарните податоци, (…) нема жртви или штета“, напиша тој на Телеграм, прецизирајќи дека овој напад, петти на главниот град во декември, бил извршен од Црното Море.

Градоначалникот на Харков Ихор Терехов пак пријави најмалку два напади во близина на станбени згради во неговиот град. „Се разјаснуваат информациите за жртви и разурнувања“, напиша тој на Телеграм.

Од есента, Москва ги засили ноќните напади врз украинските градови, во време кога волјата на Западот за поддршка на земјата се чини дека слабее. Во вторникот, лидерите на американскиот Сенат го истакнаа фактот дека САД нема да го усвојат пликот од 61 милијарда долари помош, што Киев упорно го бара, пред крајот на 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ