вторник, 26 ноември 2024

Русин осуден на 14 години затвор зашто им праќал снимки од руската армија на Украинци

Рускиот државјанин Никита Журавел денеска е осуден на 14 години затвор, откако беше прогласен за виновен за велепредавство поради наводно испраќање видео од руската војска до украинските разузнавачки служби.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Окружниот суд во Волгоград соопшти дека Журавел „не се согласувал со политиката на Руската Федерација“ и дека преку интернет се допишувал со претставник на украинските безбедносни служби и извршувал задачи за него.

Обвинителите рекоа дека Журавел во 2023 година снимил воз полн со воена опрема и воени авиони, а потоа го испратил видеото до претставник на украинската агенција за безбедност.

Журавел веќе отслужува казна од три и пол години за палење на Куранот пред џамија, која му беше изречена во февруари.

Активистите за човекови права велат дека Журавел е политички затвореник и дека бил претепан додека бил во притвор.

Тој беше претепан од 15-годишниот син на Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија. Кадиров дури објави видео на социјалните мрежи и го пофали својот син, што предизвика гнев во јавноста.

Бројот на судењата за предавство и шпионажа нагло се зголеми во Русија откако почна војната со Украина во февруари 2022 година.

Правната дефиниција за предавство е проширена за да го вклучи обезбедувањето на нејасно дефинирана „помош“ за странски земји или организации, што ефективно го изложува на кривично гонење секој што е во контакт со странци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ