„По нападот со беспилотно летало избувна пожар во нафтената рафинерија во регионот Цимљански. Според првичните податоци нема загинати или повредени“, изјави преку Телеграм локалниот гувернер Василиј Голубев.
Во исто време, руското Министерство за одбрана соопшти дека пресретнало и уништило вкупно четири беспилотни летала испратени од украинските сили над руска територија, две во Ростовската област, едно во Белгород, во близина на украинската граница и едно летало во регионот Курск, северно од границата со Украина.
Од министерството нема коментар за пожарот во магацинот за нафта.
Украина е под руска офанзива повеќе од две години и нејзината енергетска инфраструктура е уништена од континуираните руски бомбардирања.
Таа, исто така, започна со напади со беспилотни летала длабоко во руска територија врз енергетските и логистичките објекти, кои руската војска ги користи за своите операции на украинска територија.