сабота, 28 септември 2024

Русија и Украина разменија по 90 воени заробеници

Русија и Украина разменија по 90 воени заробеници, соопшти руското Министерство за одбрана, а потврди и украинскиот претседател.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Како резултат на преговорите, 90 руски воени заробеници во опасност од смрт во заробеништво се враќаат од областа под контрола на Киев. Во замена се предадени 90 затвореници на украинските вооружени сили“, објави руското Министерство на Телеграм.

Се вели дека руските затвореници се враќаат дома благодарение на учеството на Обединетите Арапски Емирати како хуманитарни посредници.

Ослободените руски затвореници се пренесени во Москва, каде што ќе им бидат извршени лекарски прегледи, соопшти министерството.

Русија и Украина спроведуваа периодична размена на затвореници во конфликтот што трае 28 месеци.

Последната размена беше спроведена на 31 мај, кога секоја страна предаде по 75 воени заробеници, исто така со посредство на Обединетите Арапски Емирати. Тоа беше прва размена по речиси четири месеци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така потврди дека 90 воени заробеници се вратиле од руско заробеништво.

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека успеале да посредуваат во размената на 180 воени заробеници меѓу Русија и Украина, објави во вторник државната новинска агенција ВАМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ