недела, 13 октомври 2024

Ураганот Хелена остави хаос зад себе: 44 лица загинаа, 4 милиони останаа без струја (ВИДЕО)

Бројот на жртвите од ураганот Хелена, кој ги погоди САД, се зголеми на 44, без струја останаа 4,6 милиони луѓе, пренесуваат американските медиуми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Како ураган од четврта категорија, Хелена вчера во 23 часот по локално време ја погоди Флорида и остави зад себе хаотичен пејзаж од превртени бродови во пристаништата, соборени дрвја, заглавени автомобили и поплавени улици. Хелена стигна до Флорида со ветер од 225 километри на час.

Гувернерите на американските сојузни држави Флорида, Џорџија, Алабама, Каролина и Вирџинија прогласија вонредна состојба во своите сојузни држави. Американскиот министер за здравство Ксавиер Бесера рече дека се прават напори да им се помогне на властите во Џорџија да закрепнат од ураганот Хелена и да се обезбеди потребната медицинска помош.

Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп изјави дека десетици луѓе сѐ уште се заробени во зградите оштетени од ураганот од четврта категорија, пренесува Асошиејтед прес. Повеќе од 800 летови се откажани низ целата земја, според Еј-би-си њуз.

Најголем број летови откажаа меѓународниот аеродром Шарлот Даглас во Северна Каролина, меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон Атланта и меѓународниот аеродром Тампа во Флорида.

Ураган од четврта категорија синоќа го погоди регионот Биг Бенд на Флорида, денеска ослабе над Џорџија.

Ураганот ослабе до категорија 1, со максимална брзина од 120 километри на час, но властите рекоа дека временските услови и понатаму се опасни по живот и ги повикаа жителите да останат во засолништа, соопшти денеска Националниот центар за урагани.

Поплави се забележани низ југоисточниот дел на САД, нови врнежи се очекуваат и денеска. Беше наредена задолжителна евакуација за некои жители во Ешвил, во западниот дел на Северна Каролина. Покрај обилните врнежи се очекуваат и одрони и свлечишта.

Во планините во Северна Каролина наврнаа и до 25 сантиметри дожд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ