Како последица на тоа се убиени обезбедувачите во пристаништето, а оштетен е товарниот терминал, изјави гувернерот на овој регион.
Како што пренесува Ројтерс, пристаништата во областа се редовни мети на руски напади откако Москва се повлече од Црноморската иницијатива за жито минатата недела.
По серијата експлозии низ Украина, претседателот Володимир Зеленски потврди дека некои руски ракети ја пробиле украинската воздушна одбрана.
„Имаше неколку удари“, рече Зеленски во видео објавено на каналот Телеграм, но без да изнесе други детали, пренесува ТАСС.
Низ цела Украина е издадено предупредување за воздушен напад, а очевидци за ТАСС рекле дека силна експлозија го потресла Киев.
Украинските медиуми објавија и дека експлозии се слушнале во регионите на Дњепропетровск, Житомир, Кировоград, Лавов и Хмељницки.
Експлозиите во градот Староконстантиновка во областа Хмељничката област беа пријавени во зоната на воениот аеродром.