Се известува дека ФСБ кажала дека цезиумот-137 требало да биде изнесен од Русија за да се користи за организирање наводен инцидент за масовно уништување, за да се дискредитира Русија. Ројтерс не можел независно да ги потврди тврдењата, а Украина сè уште го нема искоментирано случајот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела изјави дека украинските шпиони добиле информации дека Русија размислува за „терористички“ напад врз нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, во јужна Украина, вклучувајќи и ослободување радијација.
Русија го отфрли ова и за возврат ја обвини Украина дека планира да ја заземе електраната и да ги гранатира нејзините објекти, вклучително и оние каде што се складира нуклеарно гориво. Москва, исто така, го обвини Киев дека планира напад со „валкана бомба“ против Русија, што Украина го негираше.
ФСБ денеска рече дека лицата приведени во случајот цезиум-137 веќе признале, но не ги кажа нивните имиња ниту други детали.