Норвежанецот Руд беше подобар тенисер на овој меч и заслужено дојде до триумфот, а својата добра игра ја најави уште во првиот сет кој го доби со 6-1.
Вториот го доби со 6-2, но третиот сет му припадна на Данецот, Руне кој го доби со 6-3 и се врати во игра.
Но, надежта не траеше долго, Руд беше подобар во четвртиот сет со 6-3 и дојде до триумф со 3-1 во сетови.
Во полуфиналето Руд ќе игра против Зверев кој со 3-1 во сетови славеше против Ечевери.
Во другото полуфинале играат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.