Унгарија денеска во Зеница игра против репрезентацијата на Босна и Херцеговина, дуел од четвртото коло во Лигата на нации.
„Ќе се обидеме да победиме, но мора да дојдеме барем до бод од овој меч за да имаме шанси за опстанок во Дивизија А“, рече Роси, а потоа кажа што мисли и за натпреварувањето.
„За нас ова е многу значајно натпреварување. Секој кој мисли дека Лигата на нации нема смисла е идиот и само зборува за фудбалот, а не го разбира“.