недела, 13 октомври 2024

Роналдо даде гол, Португалија ја победи Полска (ВИДЕО)

Португалија со 3-1 ја победи Полска на гостински терен, а Кристијано Роналдо беше стрелец на еден од погодоците.

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот го отвори Бернанрдо Силва со гол во 26. минута од натпреварот.

Десет минути подоцна Роналдо начека една топка која се одби од стативата и ја смести во мрежата на Полска за предност од 2-0.

Полјаците намалија со погодок на Зиелински во 78. минута на 2-1, но пред самиот крај на мечот Беднарек си постигна автогол за победа од 3-1 на Португалија.

Во оваа група претходно Хрватска ја победи Шкотска со 2-1.

По три одиграни кола Португалија е прва со максимални девет бода, Хрватска има шест, Полска три, а Шкотска е без бодови.

Во следното коло Португалија гостува во Шкотска, Полска ја пречекува Хрватска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ