сабота, 26 октомври 2024

Роналдо ѝ даде два гола на Ирска како загревање за Европското првенство (ВИДЕО)

Португалија во добра форма патува во Германија, на последниот подготвителен натпревар тие ја совладаа Република Ирска со 3-0, а главна ѕвезда беше Кристијано Роналдо.

Објавено на

часот

Сподели

Иако се работи за пријателски натпревар, Кристијано Роналдо играше од првата до 90. минута и беше највпечатлив на теренот.

Резултатот го отвори Жоао Феликс во 18. минута. А блиску до погодок во првиот дел беше и Роналдо кој ја погоди стативата со шут од слободен удар.

По пет минути игра во вториот дел Роналдо постигна прекрасен гол за водство на Португалија од 2-0.

Само десет минути подоцна, Роналдо повторно погоди. Овојпат по асистенција од Диого Жота за 3-0 што беше и конечен резултат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ