сабота, 16 ноември 2024
Натпреварот меѓу Романија и Косово е прекинат

Романските навивачи скандираа „Србија, Србија“, косовските фудбалери го напуштија теренот (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Романија и Косово во рамките на Лига Ц од Лигата на нации е прекинат откако косовските фудбалери решија да го напуштат мечот во самиот финиш.

Објавено на

часот

Сподели

Причината за нивната одлука да заминат порано во соблекувалната е тоа што романските навивачи од трибините скандираа „Србија, Србија“.

Еден од фудбалерите на Косово револтирано шутна и топка кон трибините, а потоа заедно со своите соиграчи замина во соблекувалната.

Фудбалерите на Романија останаа на теренот, публиката чекаше да продолжи мечот, но по 15 минути стигна информација дека мечот нема да се доигра.

Резултатот беше 0-0, а голема е веројатноста Романија да го добие мечот со службени 3-0.

Репрезентациите на Романија и Косово, последната година тие водат вистински војни на теренот. Беа противници во квалификациите за Европското првенство во Германија и мечот во Букурешт одигран лани беше прекинат 50 минути од причини слични како денешните. Пред два месеца во Приштина романските фудбалери беа гаѓани со тврди предмети и димни бомби, на теренот влегоа домашни навивачи кои сакаа да се тепаат со нив и по тој меч се заканија дека ќе им приредат пекол на Косовците во Букурешт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ