четврток, 28 ноември 2024

Роберта Мецола повторно избрана за претседател на Европскиот парламент

Роберта Мецола, малтешка политичарка од Европската народна партија, денеска беше повторно избрана за претседател на Европскиот парламент.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Мецола беше избрана со апсолутно мнозинство гласови за време на тајното гласање, откако за неа гласаа 562 пратеници. Претседател на ЕП се избира со мандат од две и пол години, а противкандидат на Мецола за оваа функција беше Ирене Монтеро од групата Левица, која доби 61 глас.

Мецола ја презеде функцијата претседател на ЕП во јануари 2022 година по смртта на нејзиниот претходник на таа позиција, Дејвид Сасоли. Таа потоа стана најмладата претседателка на ЕП, прв човек од Малта на таа позиција и прва жена претседателка на ЕП од 2002 година.

Мецола за прв пат беше избрана за член на ЕП во 2013 година, стана потпретседателка на ЕП во ноември 2020 година. Претседателот на ЕП претседава со дебатите и активностите на Парламентот, исто така го претставува ЕП во Европската Унија и на меѓународно ниво.

Потписот на претседателот на ЕП е неопходен за законите кои се иницирани врз основа на постапката за заедничко одлучување, како и за буџетот на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ