вторник, 26 ноември 2024
Динамо Загреб синоќа на Пољуд кај најголемиот ривал ја завери шампионската титула

Ристовски: Ова е можеби моја најслатка титула во кариерата

Објавено на

часот

Сподели

Ристовски дојде во Динамо во јануари 2021 година, пред десетина дена потпиша нов договор со загрепчани, а сега дојде до хет-трик на титули. За Динамо ова беше 24-та шампионска круна во Хрватска, а македонскиот репрезентативец титулата ја посвети и на Адеми, кој пред еден месец замина во кинески Пекинг Гуан, славејќи во специјалната маичка „синиот воин“ со бројот пет.

„Многу сум возбуден, зад нас е една тешка сезона, но горд сум на оваа соблекувална зашто имавме многу проблеми, ни замина и Адеми и ова е можеби најслаткиот трофеј во мојата кариера. Во еден момент бевме и малку преплашени, зашто си замина капитенот, ни се повредија неколку играчи, а дресот на Динамо не простува никому. Се паметат само победите. На крај се виде кој е најсилен, а тоа сме ние – Динамо Загреб. Навивачите се наш 12-ти играч, беа тука кога беше најтешко, кога ние не бевме најдобри и затоа им благодарам. Се надевам дека таа хемија меѓу нас и нив ќе потрае“, рече Ристовски.

Десниот бек само пролетва даде четири гола и запиша две асистенции и беше еден од клучните фудбалери на загрепчани за да се задржи предноста пред вечниот ривал и да се дојде до одбрана на тронот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ