сабота, 19 октомври 2024

РИА Новости: Ниту е Вучиќ Ердоган, ниту е Србија Турција

Објавено на

часот

Сподели

Нарманија за РИА пишува дека повод за текстот е изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој кажа дека оружје произведено во Србија може да стигне во рацете на оружените сили на Украина.

„Дали е можно тоа да се случи? Нема сомнеж. Но имаме ли алтернатива? Да не произведуваме (оружје)? Да не го продаваме?“, кажа Вучиќ.

Истата тема се појави и кон крајот на февруари – тогаш се покажа дека српските гранати М-21 за системот „град“ им се испорачуваат на оружените сили на Украина. Нормално, не директно, туку преку Турција, која ѝ ги продава на Словачка, а таа на Украина. Вучиќ во новото интервју истакна и дека Белград ќе се придружи на забраната за препродажба на технологијата со двојна намена за Москва. „Нема да бидеме центар за повторен извоз на што било во Русија“, кажа српскиот претседател.

Како што пишува Нарманија, дошол моментот да се стигамитизира предавникот, но постојат неколку важни „но“.

Тој пишува дека Србија се нашла под притисокот на оние кои не ѝ мислат добро и дека сакаат да ја обележат како последниот руски сојузник во Европа. Тој потсетува и на ескалацијата на Косово, наведувајќи дека тоа е последица на ранливата позиција на Белград.

„Имаме партнер кој пред почетокот на специјалната воена операција вешто седеше на две столици, соработувајќи и со Москва и со Брисел. Но, Вучиќ не е Ердоган и Србија не е Турција, па во актуелните услови маневарскиот простор на Белград се стесни на иглени уши“, пишува Нарманија за РИА Новости.

Истакнува дека целта на Западот е да се исфрлат Русите од Европа и дека било само прашање на моментот кога ќе ја повлечат Србија од руската орбита. Заклучува дека големите зборови како „пријатели“ и „браќа“ во меѓународната политика можат да се користат само под наводници, а особено во овој тежок период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ