Новата минимална заработка ќе опфати 30 илјади луѓе повеќе отколку пред две години, пренесуваат хрватските медиуми.
Кога станува збор за бруто износот, тоа е раст од 840 на речиси 970 евра.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кажа дека во Хрватска денес 100 илјади луѓе примаат минималец и додаде дека целта на владата е да обезбеди подостоинствен живот на оние кои имаат најмалку.
Од друга страна, најновиот чекор во кревањето на минималната заработка ја следат коментари дека таа и понатаму е доволна само за да се покријат комуналиите.