четврток, 24 октомври 2024

Рентген снимки ќе се читаат и онлајн, најави министерот Меџити

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарско прашање, Меџити рече ќе треба време за реализација на оваа идеја.

„Ќе ни треба поддршка и од вас новинарите и од медиумските куќи, но ние сме тука да почнеме да ги решаваме проблемите“, нагласи Меџити, осврнувајќи се и на дијагностицирањето на болестите.

Тој нагласи дека работи напорно со целиот тим за подобрување на ситуацијата со кадар по блониците.

„Проблемот е во систематизацијата и во реорганизацијата. Во Клиничкиот кадар ќе повторам имаме доволно кадар и здравствени работници и сестри. Знаете дека ние прво треба да ја средиме примарната здравствена заштита, тука треба да направиме голем пресек. Ова не се прави за еден ден, два, ќе треба повеќе време, можеби и години, но, ние мора да започнеме работите да се движат композитивно и јас тука имам и мој предлог, моја визија и работиме и на тоа, имаме формирано група, на дигитализација на радиологија низ држава, а тоа подразбира централизација на радиологијата“, појасни министерот.

Меџити тврди дека во земјава нема недостиг на лекот амоксиклав. 

„Некој кажал дека нема, тоа можеби е индивидуално. Во регионалните земји го има, можеби тие имале некои резерви. Се слушнав со директорот на Малмед, во моментов не постои таков проблем. Снабдени сме со амоксиклав и го има во моментов“, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

На онкологија сега има терапија и сите пациенти се покриени. Ние превентивно преземаме мерки, за да не доаѓаме во тешки ситуации да нема лек, изјави Меџити во врска со реакциите од пред извесно време за недостиг на лекови на Клиниката за онкологија.

„Морам да споделам и да кажам дека тоа не е на ниво на нашата држава, тоа е на ниво на светот – недостига таа дефицитарна материја и такви проблеми очекуваме“, изјави Меџити, додавајќи дека во таа насока работите сега се подобрени.

Меџити смета и дека има подобрување во однос на термините за закажување. 

„Контролори и инспекции се на терен, има подобрување во врска со термините“, одговори Меџити во однос на поплаките за немање термини за прегледи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ