недела, 10 ноември 2024
Министерство за здравство

Над 50 илјади лица се пријавиле за вакцина против грип за 10 дена

Од 10 октомври, кога почна пријавувањето за вакцинирање, до денеска, за вакцинација против сезонски грип се пријавиле 52 илјади лица на сајтот вакцинација.мк, информира Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Имунизацијата започна пред два дена, кога се вакцинирале вкупно 8.000 граѓани.

Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, лица над 65 години, хронично болни, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Министерството за здравство обезбеди 70 илјади бесплатни вакцини против сезонски грип.

Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на веб-страницата вакцинација.мк, со што се врши директна регистрација во системот Мој термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, граѓаните преку СМС-порака добиваат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ