четврток, 21 ноември 2024

Распишан тендерот за обиколницата кај Штип

Општина Штип го распиша тендерот за изградба на новата обиколница, која ќе се протега од приградската населба Железничка, до месноста Рибник, кај Кежовица.

Објавено на

часот

Сподели

. Тендерот ќе трае 30 дена и веднаш по изборот на изведувачот и евалуација на проектот, ќе се започне со градежните активности.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека  освен растоварување на сообраќајот, новата обиколница ќе овозможи и урбанизирање на овој дел од градот, кој  сега е запуштен и се користи како дива депонија.

„ Ќе овозможи полесно поврзување на жителите од останатите населби, побрз проток на возила, но крајната цел е да се создаде развој и можност за зони за домување и индустрија, нешто што на градот му е неопходно. Перспективно планираме развој на овој дел од градот и можност за урбанизација“, изјави Јорданов, градоначалник на Штип.

Тој посочи дека обиколницата ќе се  гради по сите европски сообраќајни стандарди, ќе биде во должина од 2,9 километри и широка 13 метри  и ќе ги порзува влезовите на Штип од Струмица и Скопје. Нејзината изградба ќе чини околу два милиони евра, средства кои Владата ги  обезбеди со кредитот од Унгарија…

„ Општина Штип, од овие 100 милиони евра  за поддршка на локалните самоуправи ја следуваат околу 2 милиони евра. Затоа го прилагодивме овој проект да се вклопи во тој финансиски износ и да може во целост да се реализира. Секако дополнителни фази од реализацијата на пректот ќе бидат оставени за следната година, коишто ќе овозможат пуштање во употреба на оваа обиколница“, вели Јорданов.

Новата обиколница која ќе ги поврзува влезовите на Штип, од Струмица и Скопје, треба да биде готова за една година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ