среда, 27 ноември 2024

Рафаел Варан стави крај на кариерата, има само 31 година

Рафаел Варан утрово потврди дека става крај на кариерата, дефанзивецот порача деа ќе остане во Комо и наскоро ќе соопшти повеќе детали за неговата нова улога.

Објавено на

часот

Сподели

Варан изминатово лето направи изненадувачки трансфер и го замени Манчестер јунајтед со Комо.

Но, неговата авантура во Калчото кратко траеше, на почетокот од август заработи повреда во натпревар од Купот на Италија и почнаа да кружат гласини за негова пензија.

Утрово, Французинот со емотивен пост на социјалните мрежи потврди дека става крај на кариерата.

„Во мојата кариера сум имал еден куп предизвици, речиси сите требаа да бидат невозможни. Неверојатни емоции, специјални моменти и спомени кои ќе ги имам цел живот. Па со огромна гордост и чувство на исполнетост, соопштувам дека се пензионирам од спортот кои сите го обожаваме“, вели Рафаел Варан.

„Се држев до највисоки стандарди и сакам да заминам на високо ниво. Потребна е огромна храброст да го послушате срцето и инстинктите. Една работа се желбите, друга се можностите. Сум паднал и сум станал 1.000 пати, но сега дојде време да ги обесам копачките на ѕид со мојот последен натпревар на Вембли и освоен трофеј“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ