вторник, 26 ноември 2024

Работнички и МЗТ Скопје добија казни за инцидентот во Кале

Кошаркарската федерација на Македонија им изрече казни на Работнички и МЗТ Скопје за инцидентот во саботното дерби кое се играше во СРЦ „Кале“ кога поради навивачите мечот 90 минути беше во прекин, по што се доигра пред празни трибини.

Објавено на

часот

Сподели

Работнички е казнет со два меча неиграње без публика, тоа се пресметките против Чаир 2030 и ТФТ. Казната е поради „слаба организација и допуштање внес на пиротехнички материјал кој можел да ги повреди актерите“, односно поради прекинот кој бил (многу) подолг од предвидените максимално пет минути од Пропозициите за натпреварување.

МЗТ Скопје доби еден меч играње пред празни трибини, кој на дербито беше во улога на гостин.

Двата клуба добија и парични казни. Работнички ќе треба да плати 68.000 денари, МЗТ Скопје 64.000 денари. Ако казната се плати во рок од една недела, клубовите ќе може да платат само половина од сумата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ