сабота, 2 ноември 2024

Птичјиот грип брзо се шири во Норвешка и Финска, умираат илјадници птици

Објавено на

часот

Сподели

Птичјиот грип циркулира во Европа во последните години и во мај и јуни доведе до смрт на милиони птици на француските фарми и го наруши снабдувањето со месо и јајца.

Официјални лица во арктичкиот град Вадсо, кој е дел од норвешката област Финмарк, соопштија дека пронашле повеќе од 10.000 мртви птици во областа, а норвешката агенција за безбедност на храната вчера воведе забрана за патување во три природни резервати.

„Епидемиите што ги гледаме на различни места во Финмарк оваа година се многу поголеми отколку што сме гледале во Норвешка претходно“, рече Оле-Херман Тронеруд, главен ветеринарен службеник во норвешката агенција за безбедност на храната.

Сојот на вирусот Х5Н1 со години се шири меѓу живината и дивите птици, но повремено низ светот се регистрирани и инфекции кај цицачи како мачки, куни и видри.

Соседна Финска, исто така, извести дека дивите птици биле тешко погодени и дека вирусот Х5Н1 досега бил пронајден во 20 фарми за крзно, од 12-те претходно оваа недела.

„Потврдено е дека патогената варијанта кружи особено меѓу галебите“, објави финското Министерство за социјални работи и здравство во соопштението во средата.

Три агенции на Обединетите нации овој месец предупредија дека глобалните епидемии предизвикале загриженост дека вирусот може полесно да се приспособи и да се прошири на луѓето, што ги натера земјите да го зајакнат надзорот на болестите и да ги подобрат хигиенските услови на живинарските фарми.

Светската здравствена организација соопшти дека ризикот за луѓето од Х5Н1 останува низок, но додаде дека извештаите за инфекции кај цицачите треба внимателно да се следат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ