петок, 18 октомври 2024
НБА

Прва победа за Голден стејт против Сакраменто, Феникс го врати брејкот против Клиперс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По двата порази кај Сакраменто, Голден стејт го искористи првиот домашен меч и дојде до победа од 114-97. Стеф Кари беше лидер во триумфот со 36 поени, најдобар кај Сакраменто беше Фокс кој имаше 26 поени и по девет асистенции и скокови.

Феникс со 129-124 славеше на гостувањето кај Клиперс и го врати брејкот, поведе со 2-1 во серијата. Фантастична партија имаше Букер кој уфрли 45 поени, за Клиперс одличен беше Пауел со 42 поени.

Филаделфија е на чекор до пласман во конференциското полуфинале откако со 102-97 го победи Бруклин и поведе со 3-0. Најдобар кај Филаделфија беше Максеј со 25 поени, за Бруклин Бриџис постигна 26.

Резултати: Бруклин – Филаделфија 97-102 (0-3), Голден стејт – Сакраменто 114-97 (1-2), ЛА Клиперс – Феникс 124-129 (1-2)
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ