сабота, 19 октомври 2024

Протестите на вработени во културата ќе продолжат, министерот Бесими не понудил решение за повисоки плати

Објавено на

часот

Сподели

Костоввски вели дека средбата со министерот Бесими ја оствариле веднаш по завршувањето на денешниот протест, на која ги кажале своите барања, а тоа е потпишување на Колективен договор и покачување на платите по принципот на Министерството за финансии.

Синдикалниот лидер Костовски рече дека од понеделник ќе продолжат со протестите и дека Синдикатот нема да се откаже од барањата.

Инаку, вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм веќе трета недела по ред излегуваат на протест на кој го повторуваат своето барање за достоинствени плати, односно за покачување на платите по принципот на Минситерството за финансии, каде токму на барање на Бесими беше одобрено платите да станат повисоки за 30 отсто бидејќи „вработените бегале во приватниот сектор за повисоки плати“.

Вработаените во културата сметаат дека одлив на кадри нема само од Министерството за финансии и дека со таквата одлука останатите вработени се дискриминирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ