Избраниците на Микел Артета кикснаа на гостувањето на „Виталити“ стадионот, Борнмут умееше како да го искористи исклучувањето на Салиба и да стигне до победа.
Дефанзивецот на Арсенал доби црвен картон по 30 минути, домаќините трпеливо ја чекаа својата шанса и поведоа со голот на Кристи во 70. минута.
Десет минути подоцна беа решени сите дилеми, Клавјет погоди од пенал за 2-0.
За „топчиите“ ова беше првиот пораз на гости во Премиерлигата во 2024, последе пат загубија во декември 2023.