петок, 8 ноември 2024

Бекам открива: Меси на првиот тренинг во Интер Мајами дојде три часа порано

Дејвид Бекам како гостин во емисијата на Рио Фердинанд говореше за професионалниот пристап на Лео Меси и откри дека Аргентинецот на првиот тренинг во Интер Мајами дошол дури три часа порано.

Објавено на

часот

Сподели

Лео Меси минатото лето се реши за авантура во САД и го одбра Интер Мајами, клуб во кој еден од сопствениците е Дејвид Бекам.

Легендарниот Англичанец оваа недела беше гостин во емисијата на Рио Фердинанд и на својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед му сподели информации од прва рака за пристапот на Аргентинецот.

„Неговиот прв ден во Интер Мајами, дојде на тренинг во 6:50 часот наутро, немаше никој во тренинг центарот освен човекот кој му отвори врата. Тренингот на тимот беше закажан во 10 часот, а тој се појави три часа порано“ – зачудено раскажува Дејвид Бекам.

Рио Фердинанд потоа праша што правел Лео Меси во тие три часа, а Дејвид Бекам продолжи: „Се подготвуваше, вежбаше во теретана, се загреваше… ги правеше сите работи кои се очекуваат да ги прават младите момци, а тој сè уште ги прави сега“.

„Со оглед на сè што има освоено во кариерата, очекувате дека ќе биде малку порелаксиран, но… Ако треба да го опишам со еден збор, тој е победник“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ