петок, 18 октомври 2024

Променливото време ги полни амбулантите

Објавено на

часот

Сподели

„Видовме дека некако летото задоцни и поради сите овие климатски промени, еве, да кажеме, поминувајќи низ неколку периоди во текот на денот со врнежи, сонце, облачно, секако дека организмот на сите ни реагира, на некои повеќе, на некои помалку. Меѓутоа, едни од најчестите симптоми се главоболката, малаксаност, хипотензијата, односно низок крвен притисок. Оние што се метеопати најмногу ја посетуваат нашата амбуланта и овде даваме совет. Оние што веќе имаат хронична терапија, редовно да ја примаат, особено оние што имаат проблем со крвниот притисок“, вели д-р Митрова за МИА.

Препорачува дека  физичката активност може да помогне за ублажување на симптомите на главоболка и малаксаност кај оние кои се здрави. Се препорачува и лесна и здрава храна, наместо обилни оброци.

„Соодветна хидратација и блага физичка активност за оние што можат. Да се избегнува зачинета, многу солена храна, хидратација, свеж зеленчук и свежо овошје, што овој период изобилува, да биде едно основно мени без мрсни и обилни оброци“, рече д-р Митрова.

Таа додава дека за метеопатите препорачливо е да се поминува време на свеж воздух, лесно пешачење, со цел да се подобри циркулацијата и да се спречи влошувањето на тековните состојби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ