Во дискусија на социјалната мрежа Икс се вклучи и Илон Маск, кој во мандатот на Трамп ќе го води одделот за ефикасност на американската администрација.
На статусите во кои се вели дека „либералите сакаат војна“, Маск напиша „вистина“.
Одлуката на администрацијата на Бајден ја коментираше и синот на Доналд Трамп, кој во порака на Икс остро го искритикува овој потег.
„Се чини дека воено-индустрискиот комплекс сака да се увери дека третата светска војна ќе почне пред татко ми да добие шанса да создаде мир и да спаси животи. Мораат да ги спасат оние трилиони долари. Проклети да се, имбецили“, напиша Трамп Jуниор.
The Military Industrial Complex seems to want to make sure they get World War 3 going before my father has a chance to create peace and save lives.
Gotta lock in those $Trillions.
Life be damned!!! Imbeciles! https://t.co/ZzfwnhBxRh— Donald Trump Jr. (@DonaldJTrumpJr) November 17, 2024