недела, 17 ноември 2024

Признанија за македонските филателисти на Бaлканфила во Солун

 Од 13 до 16 ноември во Солун, во организација на Грчката филателистичката федерација, се одржа меѓународната филателистичка изложба XX Балканфила. На оваа манифестација учествуваа филателистичките организации од дваесетина држави, од сите балкански земји заедно со неколку гости од други региони. Во просториите на Меѓународниот саем во Солун посетителите имаа можност да се запознаат со колекциите на повеќе од 300 филателисти, изложени во над 2.000 витрини.

Објавено на

часот

Сподели

Сојузот на филателисти на Македонија на оваа изложба беше претставен со збирки и материјали на седум свои членови. Меѓународното жири додели највисоки оценки за збирката на Дончо Георгиев под наслов „Мојата убава земја“ и со 86 бода се закити со златен медал. Публикацијата „Сто години историја на Велес на поштенски картички“ на Виктор Габер и Зоран Стрезоски беше оценета со 85 бода и освои позлатен медал. Висока оценка доби и комесарот на нашата делегација Станко Зафиров за збирката  „Парните локомотиви на Балканот“.

Во рамките на оваа балканска манифестација беше одржана и тркалезна маса на тема „Да инвестираме за иднината“. Свое обраќање под наслов „Добрите и лошите обичаи“ имаше секретарот на нашиот Сојуз, Виктор Габер, кој ги претстави етапите во развојот на филателиjа во нашата земја и стекнатите искуства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ