вторник, 19 ноември 2024

Признание: Бугарската влада финансира медиум во Македонија – Трибуна.мк

Објавено на

часот

Сподели

Величков за „Труд“ вели дека Трибуна.мк се финансира од бугарската држава.

„Трибуна се појави пред 5 и пол години. Идејата за самиот медиум е моја и на еден од моите најблиски луѓе – господинот Петар Колев. Кум на медиумот е професорот Георги Трендафилов. Многу луѓе ни помогнаа низ годините. Веќе 2 години работиме на проекти на Министерството за надворешни работи на Бугарија, а за тоа да се случи главната заслуга има тимот на бугарската амбасада овде на чело со амбасадорот Ангел Ангелов и неговиот заменик Петар Петров“, одговара Величков на прашањето како работи и се финансира порталот што тој го уредува.

Во Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија двете земји потпишаа дека нема да се мешаат во внатрешните работи на соседот. Македонците во Бугарија немаат никаква поддршка од Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ