петок, 13 декември 2024

МОН направи ревизија на 15 институти, а се проверува работењето на уште пет

Министерството за образование и наука досега има направено ревизија на 15 институти, а во моментов се прави ревизија на уште пет, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на Гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Има дополнително два, за кои деновиве треба да заврши процедурата, и да бидат затворени. На десетина институти им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите, коишто се најдени. Но, според извештаите кои ги читав многу малку од нив ќе можат да го направат тоа. За жал морам да кажам дека веројатно следи затварање и на поголем број на институти, кои се нефукционални, не го почитуваат законот, односно не ги исполнуваат условите“, изјави Јаневска.

 

Таа мисли дека е добро за високото образование и науката во земјава конечно да се воведе ред, а секој, како што вели Јаневска, којшто исполнува услови ќе функционира.

„Како што и многу пати сум рекла, секој кој не работи по Закон нема и да функционира“, вели таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ