вторник, 26 ноември 2024

Приведени криумчари на мигрантки од Непал

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, синоќа во 21:10 и 21:30 часот во близина на кумановското село Костурник, ги лишиле од слобода И.Н.(32) од скопското село Крушопек и Г.П.(50) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Објавено на

часот

Сподели

„ Претходно, околу 19:15 часот во близина на село Табановце, кумановско, на автопатот „Пријателство“, полициски службеници ги забележале лицата како во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., а Г.П. бил сопатник, сместуваат три женски лица-мигранти од Непал. Притоа, тие не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници, а откако биле употребени средства за присилно запирање на возилото го напуштиле возилото. Веднаш потоа мигрантите биле пронајдени и биле сместени во Транзитниот центар Табановце, а по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода и ИН. и Г.П.“, соопшти денека МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен надлежен јавен обвинител. По извршени проверки било утврдено дека И.Н. бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот каде што издржувал шестгодишна затворска казна за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 Б од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ