петок, 18 октомври 2024

Пристигна одговорот на Кремљ за планот за победа на Зеленски

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков денеска изјави дека планот за победа на украинскиот претседател Володимир Зеленски има за цел да го формализира учеството на НАТО во конфликтот во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Песков рече дека Зеленски со овој план сугерира: „Да, НАТО претходно учествуваше во конфликтот, но неофицијално. Сега сакаме официјално да го имаме НАТО на теренот“. Песков го нарече планот кусоглед, непромислен и нелогичен со оглед на моменталната ситуација.

Според него, планот за победа не е план за мир, туку за дополнително заострување на ситуацијата и наведе дека таквиот план може да ги доведе НАТО и Русија „на раб на конфликт“.

Коментирајќи ја реакцијата на Западот, Песков посочи дека западните земји очигледно не се задоволни од „планот за порамнување“. Тој додаде дека Европејците не биле воодушевени од овие предлози, кои ги оцени како нелогични и, како што наведе, „глупави“.

Зеленски пред два дена во украинскиот парламент Врховна Рада претстави „план за победа“ кој се состои од пет точки. Првата точка се однесува на официјалната покана на Украина за членство во НАТО, додека три точки се доверливи. Друга точка од планот вклучува одбрана, ненуклеарно одвраќање, економија и повоена безбедносна архитектура во евроатлантската област.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ