понеделник, 25 ноември 2024

При градежни работи, откриени пет гранати пред Судот во Гостивар

Пет експлозивни тела од непознато потекло се откриени при изведување на градежни работи во близина на Основен суд Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Сведоци од местото на настанот за МИА потврдија дека утрово околу 9 часот, при копање на канал за одводување на улицата „Живко Брајковски“ спроти судската зграда, машина за ископ на земја на длабина од половина метар извлекла метални тела, за кои се претпоставува дека се боеви гранати. Во моментов полициски службеници го обезбедуваат местото и се очекува увид.

Неофицијално, се работи за артилерски гранати кои најверојатно потекнуваат од времето на Втората светска војна.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ