Тогаш во Собранието беше усвоена и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија. Автор на текстот на македонската химна е Владо Малески, а музиката е на Тодор Скаловски. Песната е напишана во 1941 година.
По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на Социјалистичка Република Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Република Македонија.