петок, 18 октомври 2024
Англичанецот сака трансфер во Реал Мадрид

Познато зошто Белингем ги одбил Манчестер Сити и ПСЖ, не сакал да игра во „вештачки клубови“

Објавено на

часот

Сподели

Џуд Белингем важи за еден од најперспективните фудбалери во Европа и се очекува летоска да направи богат трансфер. Ливерпул, Манчестер Сити, ПСЖ и Реал Мадрид беа дел од клубовите кои пројавија интерес и во последно време се шпекулира дека токму „кралевите“ ќе ја добијат битката.

„Црвените“ немаат пари да наддаваат, а Манчестер Сити и ПСЖ биле прешкртани од самиот Џуд Белингем.

Како што пренесуваат медиумите од Германија, младиот Англичанец не сакал да игра во „вештачки клубови“ без историја кои успехот го изградиле со помош на огромното богатство на сопствениците.

Џуџ Белингем го одбрал Реал Мадрид, и сега останува „кралевите“ и Борусија Дортмунд да ја договорат висината на трансферот, се говори дека клубот од „Сигнал Идуна Парк“ ќе бара околу 150 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ