петок, 19 јули 2024
На релација Велес-Градско

Пожарникари ваделе повредени патници кои со автомобил излетале на пруга брзајќи да не помине воз

Едно лице се здобило со тешки повреди, откако возило во текот на вчерашниот ден, излетало на железничка пруга, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. Спасувањето било како на филм, односно пожарникарите морале со голема брзина да ги извадат повредените од возилото кое стоело на пругата за да не ги удри возот кој доаѓал на релација Велес-Градско.

Објавено на

часот

Сподели

„Имаше брза, а ограничена со време спасителна комбинирана акција за извлекување две повредени лица при сообраќајна несреќа. Нивното возило излетало на самата пруга, едното лице било потешко повредено. Се отстранувало хаварисаното возило од пругата до наредно поминување на воз Велес – Градско, меѓу 15.08 и 17.30 часот. Покрај пожарникарите, полицијата и Итната медицинска помош, на терен интервенирале и екипи на АМСМ, Јавното претпријатие Македонски железници и инфраструктури“, појаснуваат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ