понеделник, 25 ноември 2024

Пожар во Шпанија: Властите евакуирале околу 500 лица

Објавено на

часот

Сподели

Регионалниот претседател на Канарските Острови, Фернандо Клавио, изјави дека пожарот уништил најмалку 11 куќи и предупреди дека бројот на евакуирани може да се зголеми.

„Со ресурсите што ги распоредуваме, се надеваме дека ќе можеме да го контролираме пожарот денес, но ветровите се менуваат“, рече тој.

Клавио додаде дека се очекуваат налети на ветер, што во комбинација со суво и недостиг од дожд ја прави „ситуацијата покомплицирана“.

Шпанската армија распоредила 150 свои пожарникари за да ѝм помогнат на локалните екипи да го изгаснат пожарот. Повеќето локални пожарникари пристигнувале со чамци од соседниот остров Тенерифе.

Пожарот гори на западната страна на островот во пошумен, ридски терен преполн со куќи каде оваа година има помалку од просечните дождови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ