понеделник, 25 ноември 2024

Повредата на Симонс треба да донесе поголема минутажа за Елмас

Младиот играч за врска на РБ Лајпциг, Чави Симонс заработи повреда и ќе направи пауза од фудбалот.

Објавено на

часот

Сподели

21-годишникот ги повреди лигаментите на левиот зглоб во поразот од Ливерпул (0-1). На овој натпревар Симонс беше заменет по судир со Енди Робертсон, а Лајпциг ја откри неговата состојба по деталните прегледи.

Во соопштението не се наведува колку време Симонс ќе мора на пауза, меѓутоа пишува: „Одлука за тоа како ќе ја лекува повредата треба допрва да биде донесена“. Тоа веројатно значи да се одлучи дали е потребен некаков зафат.

Паузата ќе биде со сигурност неколку седмици, а тоа е позитивно за македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас кој нема голема минутажа. Бидејќи игра на слична позиција како Симонс, може да се надева на повеќе минути во следните натпревари и ќе има шанса да се докаже.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ