сабота, 26 октомври 2024

Потепал луѓе што подигале плата: бомбаш-самоубиец нападна банка во Кандахар

Бомбаш-самоубиец денеска нападна приватна банка во градот Кандахар на југот на Авганистан и уби најмалку три лица, а 12 од нив се ранети, јавува Асошиејтед прес.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Сите жртви се луѓе што случајно се нашле во филијалата на Њу Кабул банка со намера да ја подигнат својата месечна заработка“, рече шефот на Одделот за информации и култура на владата на Кандахар, Инамула Самангани.

Портпаролот на талибанското Министерство за внатрешни работи Абдул Матен Кани исто така го потврди нападот, но не наведе детали, велејќи дека случајот е под истрага.

Засега никој не ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад, вели АП и потсетува дека разгранокот на Исламската држава, главниот ривал на талибанците, претходно изврши напади врз училишта, болници, џамии и шиитски области низ земјата.

Кандахар е духовен и политички центар на авганистанската влада, бидејќи таму се наоѓа врховниот лидер на талибанците Мула Хибатула Ахунџад, а неговите одлуки за главните прашања ги спроведуваат властите во главниот град Кабул.

Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година за време на хаотичното повлекување на трупите на САД и НАТО по 20 години. И покрај првичните ветувања за умереност, талибанците постепено повторно наметнаа сурово толкување на исламскиот закон или шеријатот, како што правеа за време на нивното претходно владеење со Авганистан од 1996 до 2001 година, пишува АП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ